• понеделник, 13 мај 2024

Перез нов тренер на Рајо

Перез нов тренер на Рајо

Мадрид, 14 февруари 2024 (МИА) - Шпанскиот фудбалски прволигаш Рајо Ваљекано денес го назначи Ињиго Перез за нов тренер.

Претходно во текот на денот отказ доби досегашниот тренер Франциско Хавиер Родригез.

Триесет и шестгодишниот Ињиго Перез нема искуство како главен тренер. По пензионирањето како играч во јули 2022 година, тој работеше во Рајо Ваљекано како асистент.

Информациите за времетраењето на договорот не се откриваат.

Рајо за кого настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски има само една победа на последните 14 натпревари во шпанското првенство и се наоѓа на 14. место. Следниот натпревар тимот го игра на 18 февруари – против Реал Мадрид на домашен терен.

Во текот на својата кариера, Иниго играше како централен играч за врска и беше член на Осасуна, Нумансија, Атлетик и други шпански клубови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан