• понеделник, 23 декември 2024

Пентагон: Снимките на НЛО од 2019 година се автентични

Пентагон: Снимките на НЛО од 2019 година се автентични
Вашингтон, 16 април 2021 (МИА) - Министерството за одбрана на САД потврди дека протечените фотографии и видеа од „неидентификувани летечки објекти“, направени во 2019 година, се веродостојни и автентични снимки. - Фотографиите и видеата на објектите во форма на триаголник како треперат и се движат низ облаците ги снимил персоналот на Морнарицата, изјави за Си-Ен-Ен гласноговорничката на Пентагон, Сју Гоф. Истрагата е почната, но повеќе информации нема да бидат дадени од безбедносни причини, како што соопшти Пентагон. Фотографиите и видеата на морнарицата беа објавени од интернет-страниците „Мистери вејр“ и „Екстраординари билифс“ минатата недела, но кружат на интернет од лани. „Последниве години, имаше голем број известувања за неовластени и / или неидентификувани летечки објекти, влегувања во разни военоконтролирани полигони и назначен воздушен простор“, соопшти морнарицата во 2019 година. Пентагон лани објави три видеа на коишто се гледаат НЛО-а, а американската Морнарица потврди дека видеата се вистински.  си/

Остани поврзан