• понеделник, 23 декември 2024

Пенов - Џерлек: Важно е да се градат капацитети и за поголема апсорбција на средства од ИПА фондовите на ЕУ

Пенов - Џерлек: Важно е да се градат капацитети и за поголема апсорбција на средства од ИПА фондовите на ЕУ

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска во Скопје се сретнал со српскиот министер надлежен за рамномерен регионален развој, Едвин Џерлек.

Како што информираат од прес-службата на Министерството за локална самоуправа, на состанокот е разговарано за искуствата на двете земји во спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој и за напредокот во процесот на интегрирање во Европската Унија.

Министрите истакнале дека е многу важно рамномерниот регионален развој да биде поттикнуван со средства од буџетот на државата. Посочиле дека е важно да се градат капацитети и за поголема апсорбција на средства од ИПА фондовите на Европската Унија.

Двајцата министри потенцирале дека рамномерниот развој треба да обезбеди подобри услови за живеење во помалку развиените подрачја и општини, но и да го поттикне вкупниот развој на државата и на регионот.

Исто така, било нагласено дека е потребно да се зајакнуваат капацитетите за спроведување на иновативни решенија, да се следат развојните цели и мерки во документите на ЕУ и да се аплицираат добрите пракси од земјите членки на Европската Унија.

Министрите изразиле задоволство од соработката меѓу двете земји, од користењето на средствата од ИПА Програмата за прекугранична соработка, што исто така има влијание на рамномерниот регионален развој. Предизвици постојат, посочиле двајцата министри, но важно е соработката да продолжи и да наоѓаме решенија за поголемо поврзување, за побрз развој на регионот и за подобрување на квалитетот на живеење на нашите граѓани.фф/дма/

Фото: Министерство за локална самоуправа

Остани поврзан