Пени Мордоунт најави кандидатура за британска премиерка
- Државниот секретар за трговска политика на Обединетото Кралство, Пени Мордоунт, денеска најави дека ќе се кандидира за функцијата идна британска премиерка, откако Лиз Трас поднесе оставка по
Лондон, 21 октомври 2022 (МИА) - Државниот секретар за трговска политика на Обединетото Кралство, Пени Мордоунт, денеска најави дека ќе се кандидира за функцијата идна британска премиерка, откако Лиз Трас поднесе оставка по само шест недели.
Мордоунт (49) ги водеше мандатите на четворица претходни премиери, држејќи се настрана од скандалите што го обележаа времето на владеење на Борис Џонсон. Таа, исто така, остана во кабинетот на Тереза Меј за да ја изрази својата поддршка за Брегзит.
Пени Мордоунт е речиси непозната надвор од Вестминстер. За неа се слушна кога почна да води во анкетите меѓу членовите на Конзервативната партија на почетокот на оваа година, а јавноста можеби првпат ја виде во реалното ТВ шоу Splash! 2014, каде познати личности учеа да нуркаат. паг/