• петок, 22 ноември 2024

Пендаровски: Не направивме исчекор кон ЕУ заради сопките на опозицијата

Пендаровски: Не направивме исчекор кон ЕУ заради сопките на опозицијата

Гостивар, 17 април 2024 (МИА) - Следниот чекор кој ни е многу битен кон ЕУ не гo направивме само затоа што главната опозициска партија почна две и пол години да става сопки на патот на Македонија, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски во обраќањето на митингот во Гостивар.

Тој се осврна на состојбите кога се носеле одлуки и за делувањето на владејачката гарнитура.

- Можевме и подобро. Меѓутоа во овој меѓународен контекст со ваква внатрешна опозиција која не знае кои се државни интереси на Македонија, верувајте ми беше многу тешко да се постигне повеќе од ова. Со вакви опструкции внатре, со такви опструкции однадвор со војна на континентот и дека до овде можеме да дојдеме немаше да веруваме, рече Пендаровски.

Тој зборуваше и за политичките конкуренти, кои, како што рече, се претставуваат за најмакедонска и најпатриотска партија и за нивните намери по изборите и поништување на меѓународните договори.

- Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имате ли гаранции дека некој од надвор да ве поддржи и повторно го преговарате и да доведете до исход кој е добар за народот, а за граѓаните, за државата? Немаат. Тие немаат ниту еден меѓународен пријател и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт и од утредента ќе ги кажеме какви се нашите планови, нагласи кандидатот за шеф на државата.

Пендаровски од гостиварци ја побара довербата на претстојните избори, бидејќи како што нагласи, не ги дели луѓето на наши и ваши.

Пендаровски по неговото обраќање одговораше на прашања од граѓаните во кои се осврна дека ќе се залага за ветинг на судиите, обвинителите, но и на политичарите и проверка на нивните имоти со кои се стекнале додека биле на позции. згм/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан