• петок, 22 ноември 2024

Пендаровски на настанот „За Маестрото“ по повод роденденот на Александар Џамбазов

Пендаровски на настанот „За Маестрото“ по повод роденденот на Александар Џамбазов

Скопје, 3 февруари 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска, заедно со сопругата, присуствуваше на настанот „За Маестрото“ со кој на македонскиот композитор и диригент, Александар Џамбазов, по повод роденденот, му беше оддадена почит.

-Со големо задоволство денеска со Бети присуствувавме на културен настан посветен на великанот на македонската популарна и детска музика, Александар Џамбазов, токму на неговиот роденден. Имавме можност да ја разгледаме книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата“ којашто беше промовирана и којашто претставува вистинска музичка ризница од композиции за деца на маестро Џамбазов, подготвена од авторите Бранка Костиќ- Марковиќ и Марко Коловски, напиша претседателот Пендаровски на својот фејсбук профил.

Во срцето на Дебар Маало, додава Пендаровски, беше откриен мурал со ликот на Александар Џамбазов и неговите „славејчиња“, дело на уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка.

-Заедно со дел од поранешните „славејчиња“ сите присутни ги запеаја незаборавните детски песни „Песна за Скопје“, „За сите деца“, „Мојата учителка“ и „Еј, гулаби, гулаби бели“, наведува Пендаровски. мч/мд/

фото: ФБ на претседателот Стево Пендаровски 

Остани поврзан