• петок, 22 ноември 2024

Пендаровски им посака успешна работа на членовите на преодната Влада

Пендаровски им посака успешна работа на членовите на преодната Влада

Скопје, 28 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва по завршувањето на седницата во Собранието за избор на преодна Влада за спроведување на изборите за пратеници, во својот Кабинет ги прими членовите на новиот состав на Владата.

На членовите на преодната Влада, претседателот Пендаровски им посака ефикасно работење и успешно спроведување на претстојните парламентарни избори.

За средбата кај претседателот Пендаровски информираше и новоизбраниот премиер Талат Џафери.

- Особено е важно државните гранки да функционираат координирано и постојано да соработуваат во корист на граѓаните и државата. Денес претседателот Пендаровски организираше прием во чест на новоизбраната Влада, напиша Џафери на „Фејсбук“.

Преодната Влада беше избрана на денешната 141. пленарна седница со 65 гласа „за“ и тројца „против“. Преодната Влада се избира на 100 дена пред изборите, а има мандат до официјалното објавување на резултатите од претстојните парламентарни избори закажани за 8 мај, односно до формирањето на новата влада. бак/

Фото: Кабинет на претседателот

Остани поврзан