• вторник, 24 декември 2024

Пелони: Мицотакис и Заев ги разгледаа можностите за соработка, особено во економијата и енергетиката

Пелони: Мицотакис и Заев ги разгледаа можностите за соработка, особено во економијата и енергетиката
Атина, 17 мај 2021 (МИА) – Како што информиравме, на средбата беа разгледани можности за соработка, особено во економијата и енергетиката, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за средбата во четвртокот на премиерите на Грција и Северна Македонија, Кирјакос Мицоткис и Зоран Заев. Во однос на идеите и предлозите за тргање на бугарската блокада, кои Мицотакис ги развил на средбата, а кои премиерот Заев ги спомена во интервјуто за МИА,  Пелони уште еднаш ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан. -Ние ја поддржуваме европската перспектива на сите наши соседи, на земјите од Западен Балкан, секогаш под предуслови и доколку се исполнети критериумите, одговори Пелони на прашањето на МИА. ср/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан