• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пекевски организира прием за најдобрите ученици Роми

Пекевски организира прием за најдобрите ученици Роми

Берово, 8 април 2025 (МИА) - Во чест на Светскот ден на Ромите, 8-ми Април, градоначалникот на Општина Берово утрово прими претставници на ромската заедница од основното и средното образование. Во рамки на приемот беше поставено ромското знаме, на јарболот пред зградата на Општина Берово, а беа доделени и наградите за најдобрите ученици Роми.

-Преку програмата за образование, на најдобрите ученици Роми, од основното и од средното образование, оваа година им доделуваме парични награди на Сезен Демировска за најдобар ученик од Ромска националност, од основното образование и
Хадиса Демирова за најдобар ученик од Ромска националност од средното образование, информира Пекевски.

Овој ден како што додаде е само уште еден поттик, кон зајакнување на меѓуетничката соработка и градењето на мултиетничко општество, а постигнатите резултати, претставуваат мотив за понатамошен заеднички ангажман, кој ќе се стреми кон подобрување на повеќе аспекти од животот на Ромите.

-Со целосна почит кон припадниците на ромската етничка заедница, го честитам Меѓународниот ден  на Ромите- 8 Април, еден од најважните датуми во историјата на овој народ и ги упатувам моите пораки за добро здравје, среќа, љубов, мир, успех и многу позитивна енергија. Водени од големата европска идеја ,,Обединети во различностите” и понатаму продолжуваме во надминување на проблемите и постигнување на целта, едно општество за сите  и сплотени ги остваруваме приоритетите на ромската заедница, додаде Пекевски.

Општината како што најави континуирано, вложува средства за реализација на проекти, од комунална и патна инфраструктура, подобрување на социјално економската положба, олеснување на образовниот процес, урбанизација, легализација, домување, водовод и канализација, при што се овозможува елиминација на разликите, на тој начин подобруваме животот на Ромите во Берово. вс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан