• недела, 07 јули 2024

Пекевски: Буџетската транспарентност на Општина Берово со најголемо подобрување на просечниот индекс

Пекевски: Буџетската транспарентност на Општина Берово со најголемо подобрување на просечниот индекс

Берово, 29 ноември 2023 (МИА) - Буџетската транспарентност на Општина Берово е со најголемо подобрување на просечниот индекс, информираше градоначалникот на Берово Звонко Пекевски. Со индексни поени 16 од 16 Берово како Општина, како што додаде, е меѓу општините со најголемо подобрување на просечниот индекс на буџетска транспарентност споредено со истиот период лани.

-Оваа година Источниот како и Североисточен регион бележи најголемо подобрување на просечниот индекс на буџетска транспарентност споредено со истиот период лани. Општините од овој регион годинава во просек се најтранспарентни на регионално ниво споредено со општините од другите плански региони со 12,7 од можни максимални 16 индексни поени, истакна Пекевски 

Општините Берово, Зрновци, Виница,  Делчево и Кочани  како што додаде се партнер општини од втората група во рамки на проектот @Strengthening Resource Mobilization Activity- North Macedonia од втората група.  

-Проектот им помага на партнер општините во унапредување на транспарентноста и отчетноста во процесите на прибирање, трошење и контрола на сопствените ресурси, со цел ефикасна испорака на услугите до своите граѓани, додаде Пекевски.

Активностите од проектот, како што кажа, се поддржани од УСАИД чија цел е да ги поддржи напорите на земјата во намалување на корупцијата и зголемување на ефективноста и транспарентноста на локалните власти. вс/вј/

Фото: Општина Берово

 

Остани поврзан