• понеделник, 23 декември 2024

Пајаците не треба да се убиваат

Пајаците не треба да се убиваат

Лос Анџелес, 17 август 2022 (МИА) - Постојат повеќе причини поради коишто никогаш не треба да се убива пајак, дури и ако тој во мигот се чини како „најголемата опасност“ за Вашиот дом.

Пред сѐ, познавачите велат дека повеќето од овие животинчиња воопшто не се опасни. Напротив, некои ги јадат штетниците и инсектите кои носат болести, како што се комарците... Во Африка, на пример постои и вид пајак, наречен „скокачки пајак“ што јаде исклучиво комарци полни со крв. Се разбира, другите видови јадат и лебарки, молци итн. Значи, пајаците се корисни затоа што можат да придонесат за заштита на човековото здравје. Новото истражување објавено во списанието „Сајенс оф нејчр“ (The Science of Nature) посочува дека сите пајаци во светот јадат меѓу 400 и 800 тони инсекти и други мали штетници годишно. Според научникот Мартин Нифелер, пајаците со улогата во намалувањето на бројот инсекти и одржувањето на природната рамнотежа, имаат исклучителна улога во општиот екосистем. Во народната медицина, пајакови мрежи се користат за залечување на рани и намалување на крвавењето. Современата медицина открива и дека пајаковите мрежи се богати со антисептик вебицилин и витамин К, којшто игра важна улога во згрутчувањето на крвта. Во некои земји се користат и за третман на срцева аритмија и Алцхајмерова болест. Се разбира, сосема е природно некои луѓе да се плашат од пајаци, но и покрај тоа, тие не треба да се уништуваат. Наместо тоа, најдобро е да го фатите во тегла и да го пуштите назад во природата.  си/ми/

Остани поврзан