• недела, 22 декември 2024

Пашинјан не смета дека е неопходен референдум за пристапување на Ерменија кон ЕУ

Пашинјан не смета дека е неопходен референдум за пристапување на Ерменија кон ЕУ

Ереван, 1 јули 2024 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека не смета дека е неопходен референдум за пристапување на Ерменија во Европската унија.

-Да се ​​одржи референдум за да се дознае мислењето на народот (за влез на Ерменија во ЕУ)? Жал ми е, но како ерменски функционер, го знам мислењето на народот на Ерменија, рече Пашинјан на Ерменскиот демократски форум во Ереван, додавајќи дека земјата е подготвена да биде што е можно поблиску до ЕУ, пренесуваат руските медиуми.

Според него, Ерменија на највисоко ниво веќе ја изрази својата политичка волја да биде што е можно поблиску до ЕУ.

-Доколку верував дека народот на Ерменија не го дели ова мислење немаше да давам такви изјави, а доколку народот на Ерменија беше против тоа тогаш во контекст на изјавата што ја дадов јас повеќе немаше да бидам премиер, рече Пашинјан. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан