Пашинјан е подготвен да поднесе оставка доколку тоа ја стабилизира ситуацијата во Ерменија
- Ерменскиот премиер утре ќе отпатува за Шпанија на разговори со Европската унија и покрај информациите дека претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, најави дека нема да се појави во Гранада, на самитот на европската политичка заедница, соопшти ерменската Влада, пренесена од британските медиуми.
Ереван, 4 октомври 2023 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека е подготвен да поднесе оставка, доколку тоа би помогнало за нормализирање на ситуацијата во земјата, пренесоа руските меидуми.
Ерменскиот премиер утре ќе отпатува за Шпанија на разговори со Европската унија и покрај информациите дека претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, најави дека нема да се појави во Гранада, на самитот на европската политичка заедница, соопшти ерменската Влада, пренесена од британските медиуми.
Азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, одлучи да не присуствува на третиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ) во Шпанија, на кој имаше можност да разговара со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, објавија претходно азербејџанските државни медиуми.
Алиев требаше утре да учествува на петпартитната средба во Гранада со лидерите на Франција, Германија, Ерменија и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. Петте страни требаше да разговараат за иднината на регионот Нагорно-Карабах, откако Баку ја презеде целосната контрола во 24-часовната воена операција што почна на 19 септември и да го разгледаат напредокот во долготрајните, но проблематични мировни преговори меѓу Азербејџан и Ерменија. Азербејџанската државна агенција АПА, повикувајќи се на неименувани извори, јави дека Алиев, меѓутоа, одлучил да не присуствува на самитот, затоа што, додава АПА, сакал и Турција да биде присутна на состанокот, но дека Франција и Германија се спротивставиле и дека Баку верува дека меѓу потенцијалните учесници на состанокот се развила „антиазербејџанска атмосфера“.
Руските медиуми ја пренесуваат изјавата на Пашинјан, кој кажа дека жали што ја пропуштил можноста да разговара со Алиев и дека е подготвен да го потпише, како што рече, „клучниот“ документ поврзан со мировните преговори меѓу двете земји. сд/