• сабота, 23 ноември 2024

Патот од ратификација до имплементација на Истанбулската конвенција - тема на средба на пратенички од земјава и од Косово

Патот од ратификација до имплементација на Истанбулската конвенција - тема на средба на пратенички од земјава и од Косово
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Клубот на пратенички на Собранието денеска ќе одржи средба со пратенички од Парламентот на Република Косово за споделување парламентарни практики: „Патот од ратификација до имплементација на Истанбулската конвенција“. Како што информираат од собарсниската прес-служба, воведни обраќања на средбата ќе имаат Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички на Собранието, Тинка Курти, претседателка на Клубот на пратенички – Косово, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Килијан Вал, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Косово. вг/са/ 

Остани поврзан