Патиштата проодни, се укинуваат забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово - Дебар и забраната за автобуси на патот Тетово - Попова Шапка
- Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.
Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.
Како што информира ЈП „Македонијапат“, сите патни правци во државата се проодни. Од 7.50 часот, поради врнежи од снег, се укинува забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража, од 7.55 часот се укинува забраната за камиони на патниот правец крак Маврово - Дебар и од 9 часот, поради врнежи од снег на патниот правец Тетово - Попова Шапка, се укинува забраната за сообраќај за автобуси, а за другите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
На одредени патни правци, кои поминуваат низ засеци и клисури, можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината на условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и сите патни правци ги одржуваат проодни. мч/дма/
фото: МИА