Партијата за движење на Турците ќе учествува на претстојните локални избори
- Централното собрание на Партијата за движење на Турците (ТХП) на состанокот одржан викендов во Охрид донело одлука партијата да учествува на претстојните локални избори.

Скопје, 23 февруари 2025 (МИА) - Централното собрание на Партијата за движење на Турците (ТХП) на состанокот одржан викендов во Охрид донело одлука партијата да учествува на претстојните локални избори.
-Во таа насока, во наредниот период ќе се преземат активности за дефинирање на можните кандидати и подготовка на изборната програма и стратегија, соопшти денеска Партијата за движење на Турците.
Покрај изборните прашања, на состанокот се дискутирало и за тековни политички и организациски теми, со цел зајакнување на партиските структури. дма/
Фото:Партија за движење на Турците