Парламентарното собрание на НАТО започнува утре
- На седницата, која ќе трае до 27 мај, ќе се соберат парламентарци од 32 земји членки и 25 земји партнери, а главни теми ќе бидат евроатлантската одбранбена и безбедносна агенда со фокус на поддршката за Украина и приоритетите за самитот на НАТО во јули во Вашингтон, објавија организаторите.
Брисел, 23 мај 2024 (МИА) - На седницата, која ќе трае до 27 мај, ќе се соберат парламентарци од 32 земји членки и 25 земји партнери, а главни теми ќе бидат евроатлантската одбранбена и безбедносна агенда со фокус на поддршката за Украина и приоритетите за самитот на НАТО во јули во Вашингтон, објавија организаторите.
На седницата ќе се разговара за извештаите на повеќе комисии и ќе бидат усвоени клучните препораки, а најавени се и говорите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Советот за безбедност на НАТО Михал Шчерба и претставници на бугарската влада.
Ќе се разговара и за предизвикот што го поставува Кина и економските и безбедносни партнерства во Азија, безбедноста во регионот на Црното Море, климатските промени и технолошките предизвици, новите технологии, како и борбата против дезинформациите. Меѓу другото ќе се разгледа и барањето на Собранието на Косово да стане придружна делегација.
Тоа е прв состанок на ПС НАТО на кој шведски парламентарци учествуваат како полноправни членки. мс/
фото: МИА архива