• вторник, 05 ноември 2024

Парични казни и затвор за непочитување на полицискиот час

Парични казни и затвор за непочитување на полицискиот час
Скопје, 22 март 2020 (МИА) - Парична казна или затвор до една година за физички лица, а парична казна до 30 милиони денари за правни лица, предвидува Кривичниот законик за непочитување на полицискиот час што со одлука на Владата ќе трае од денеска до 22 март од 22 часот вечерта до 05 часот наутро. Непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Тоа е регулирано со член 206 од Кривичниот законик. Во ставот 1, е пропишано дека секој што за време на епидемија не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Во ставот 2, пак, се вели дека ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна, која може да биде до милиони денари.са/лв/  
​  

Остани поврзан