• понеделник, 23 декември 2024

Парите од хуманитарна изложба, Вински музеј Кавадарци ќе ги донира за лекување на младата Матеа Стаменова 

Парите од хуманитарна изложба, Вински музеј Кавадарци ќе ги донира за лекување на младата Матеа Стаменова 

Кавадарци, 1 август 2024 (МИА) - Парите од хуманитарна изложба, Вински музеј Кавадарци ќе ги донира за лекување на младата Матеа Стаменова, информираше денеска в.д. директорката Анета Атанасова.  

- Донесовме одлука  со која средствата собрани од хуманитарната изложба што се реализираше во рамките на Ликовната детска колонија, во соработка со Роднокрајци - љубители на уметноста и културата, да ги  донираме  за лекувањето на младата Матеа Стаменова, која има потреба од итна хируршка интервенција и на која и е неопходна нашата помош. Со ова упатуваме и порака до пошироката заедница, да се следи нашиот пример и да се помогне, таму каде што е неопходна поддршка. Да бидеме хумани, порача Атанасова. 

Во името на вработените на музејот и на пошироката заедница, таа и посака на малата Матеа, брзо закрепнување, да расте и живее нормално.

Детската колонија се реализираше на 16 јули во дворот на Вински музеј Кавадарци, осумдесетина дечиња сликаа свои дела под менторство на ликовни уметници педагози и вработени во Музејот. 

Цртежите беа  презентирани следниот ден на градскиот плоштад. Изложбата беше од хуманитарен карактер, парите од продадените цртежи од децата, сега се донираат во хуманитарни цели. Колонијата беше финансиски поддржана од локалната самоуправа и беше во рамките на Кавадаречко културно лето. свд/цр


Фото : Фејсбук на Вински музеј  

Остани поврзан