• петок, 22 ноември 2024

Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите

Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите

Рим, 31 март 2024 (МИА) – Папата Франциск ги повика верниците на Велигденското бдение да се радуваат и да не губат надеж и покрај приватните и светските политички кризи.

Овие кризи се „огромни камења на смртта“, рече Папата во базиликата Свети Петар во Рим пред околу 6.000 луѓе.

Тој особено предупреди на непромислената омраза и суровоста на војната, кои го уништуваат копнежот за мир во светот, но и на себичноста и рамнодушноста. Папата истакна дека Велигден ќе ги помести тие камења. Тој рече дека Велигден треба да ги охрабри луѓето и да им даде надеж.

- Тоа е моќта Божја: победата на животот над смртта, триумфот на светлината над темнината, повторното раѓање на надежта меѓу урнатините на неуспехот, рече папата.

По Страсната седмица причина за радост е велигденското бдение, рече тој.

- Сестри, браќа, нека ви пукнат срцата од радост во оваа света ноќ, рече папата во својата проповед.

Папата ја служеше церемонијата седејќи и самиот ја прочита проповедта, но со зарипнат глас.

Папата поради своето здравје не присуствуваше на некои настани во Рим на Велики петок.

Денеска тој планира да ја предводи велигденската миса и да го даде традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан