• среда, 18 декември 2024

Папа Франциск: Дел од светот се богати, додека останатите умираат во војни и од глад

Папа Франциск: Дел од светот се богати, додека останатите умираат во војни и од глад

Рим, 8 декември 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска ја осуди економската нееднаквост во светот, истакнувајќи дека „нема никаква корист“ од финансискиот раст на развиените земји, додека остатокот од светот „умира во војни и од глад“.

- Каква е користа од високиот финансиски раст во привилегираните земји, ако половина од светот умира од глад и војна, додека останатите набљудуваат рамнодушно? праша тој.

Папата исто така нагласи дека парите и „лажните“ виртуелни контакти не можат да донесат задоволство ако срцата се „празни“ и „студени“, пренесува Анса.

На миса во Ватикан, по повод празникот на Безгрешното зачнување на Дева Марија, тој додаде дека „нема спасение без жените, бидејќи и Црквата е женски род“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан