• недела, 22 декември 2024

Папата Франциск пристигна на Самитот на Г7 за неговото историско обраќање

Папата Франциск пристигна на Самитот на Г7 за неговото историско обраќање

Бари, 14 јуни 2024 (МИА) - Папата Франциск пристигна на Самитот на Г7 што се одржува во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација. Тој е прв поглавар на Римокатоличката црква што учествува на состанокот на богатите нации.

По пристигнувањето, папата ќе биде пречекан од италијанската премиерка Џорџа Мелони. 

Осумдесет и седумгодишниот понтиф пристигна со хеликоптер.

Тој во обраќањето пред учесниците ќе говори за ризиците и придобивките од вештачката интелигенција и ќе одржи 10 билатерални средби меѓу кои и со лидерите на САД, Индија, Украина, Турција и Бразил. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан