• понеделник, 23 декември 2024

Папата Франциск поддржува истополови граѓански партнерски заедници

Папата Франциск поддржува истополови граѓански партнерски заедници
Ватикан, 22 октомври 2020 (МИА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск е првиот папа кој ги поддржа истополовите граѓански партнерски заедници. Папата Франциск во документарниот филм „Франческо“, што вчера беше премиерно прикажан на фестивал во Рим, истакна дека истополовите двојки треба да имаат можност официјално да регистрираат граѓанска партнерска заедница. - Тие се деца на Бог. Не можете некого да го исфрлите од семејството ниту поради тоа да го направите нивнито живот беден. Тоа што мораме да го имаме е закон за граѓанска заедница, на тој начин тие се законски покриени, посочи папата Франциск. Во филмот е прикажано како папата охрабрува двајца геј мажи да доаѓаат на миса заедно со нивните три деца. Папата додека беше надбискуб во Буенос Аирес го поддржа предлогот истополовите двојки да имаат законска заштита. Филмот „Франческо“ на режисерот Јевгниј Афиневски е посветен на изминатите 7,5 години откако Франциск стана папа и неговата работа за заштита на животната средина, сиромаштијата, миграцијата, расната и социјална нееднаквост. Во долгометражниот документарен филм прикажан е и односот на папата кон обвиненијата за сексуално злоставување во Римокатоличката црква. Според актуелната католичка доктрина, хомосексуалноста е девијантно однесување. ми/

Остани поврзан