• недела, 19 мај 2024

Папата Франциск денеска ја водеше мисата за Цветници откако вчера излезе од болница

Папата Франциск денеска ја водеше мисата за Цветници откако вчера излезе од болница

Рим, 2 април 2023 (МИА) - Папата Франциск денеска присуствуваше на мисата за празникот Цветници на плоштадот Св. Петар, само еден ден откако беше отпуштен од болница по успешното закрепнување од инфективен бронхитис, јави Хина.

Папата се возеше во задниот дел на неговиот папамобил со отворен покрив и со него мина низ толпата, пред да се симне и да ја отвори богослужбата од огромен покриен подиум во близина на древниот египетски обелиск.

Папата (86) во средата беше примен во римската болница Гемели откако се пожалил на тешкотии со дишењето, но брзо закрепна по инфузијата со антибиотици и веќе вчера се врати во својата резиденција во Ватикан.

Верскиот празник Цветници го означува почетокот на Големата недела која оваа година според Грегоријанскиот календар трае до Велигден, на 9 април. сд/

Остани поврзан