• понеделник, 23 декември 2024

Папата Франциск во Сингапур, на последниот дел од патувањето во Азија

Папата Франциск во Сингапур, на последниот дел од патувањето во Азија

Сингапур, 11 септември 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска од Источен Тимор пристигна во Сингапур на последната етапа од 12-дневното патување низ Југоисточна Азија и Океанија. Папата и неговата придружба пристигнаа во градот-држава во дводневна посета, која вклучува говор пред политичките власти и миса на Националниот стадион, за која Ватикан очекува дека ќе привлече околу 55.000 луѓе.

Папата ќе оствари и приватни средби со претседателот Тарман Шанмугаратнам, премиерот Лоренс Вонг и поранешниот премиер Ли Хсиен Лунг. 

Папата отпатува од Дили, главниот град на Источен Тимор, каде што вчера служеше миса со околу 600.000 од вкупното население на земјата од 1,3 милиони.

Дванаесет-дневното патување на Франциск вклучуваше и кратки посети на Индонезија и Папуа Нова Гвинеја. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан