• петок, 22 ноември 2024

Папата Франциск во септември тргнува на турнеја низ Азија

Папата Франциск во септември тргнува на турнеја низ Азија

Рим, 12 април 2024 (МИА) - Папата Франциск од 2 до 13 септември ќе ги посети Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур во рамките на неговата азиска турнеја, соопшти денеска Ватикан.

Папата ќе престојува од 3 до 6 септември во Џакарта, од 6 до 9 септември во Порт Морезби и Ваним, од 9 до 11 септември во Дили и од 11 до 13 септември во Сингапур, се наведува во соопштението.

Виетнам, кој папата Франциск и претставниците на Ватикан исто така го споменаа како можна дестинација, не беше наведен.

Турнејата може да се покаже напорна за 87-годишниот папа, кој има нарушено здравје и неодамна мораше да ги откаже своите должности, вклучително и настаните по повод празнувањето на Велигден. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан