• понеделник, 25 ноември 2024

Папата утре ќе ги прими семејствата на заложниците кои ги држи Хамас

Папата утре ќе ги прими семејствата на заложниците кои ги држи Хамас

Ватикан, 7 април 2024 (МИА) - Папата Франциск утре во Ватикан ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи Хамас, кои ќе му се придружат на израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац во неговата посета на Рим и на Ватикан, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Шест месеци по нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври, Кац ќе се сретне и со државниот секретар за односи на Ватикан, надбискупот Пол Галагер, со кого ќе разговара за важноста од зголемен притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците што ги држи во Појасот Газа, се вели во соопштението.

Кац му се заблагодари на Папата што се согласи да се сретне со семејствата на заложниците за да го поддржи нивното ослободување, објави „Тајмс оф Израел“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан