• понеделник, 23 декември 2024

Папата следи разголени манекенки на Инстаграм

Папата следи разголени манекенки на Инстаграм
Рим, 17 ноември 2020 (МИА) - Официјалниот Инстаграм-профил на папата Франциско беше меѓу оние кои „лајкнаа“ фотографија на бразилска манекенка Наталија Гарибото, „оскудно облечена“ во куса училишна униформа. Поласкана од оваа ненадејна планетарна популарност, Гарибото веднаш се пофали, со духовита забелешка: „Барем ќе одам во рајот“. Патем, папата претходно оваа година рече дека сексуалното задоволство е дар од Бога. - Задоволството од храната постои за да ве одржи здрави и живи, исто како што постои и сексуалното задоволство, за да љубовта стане поубава и да се одржи изгледот, истакна папата. Официјалниот профил на папата Франциско на Инстаграм има 7,2 милиони следачи, па затоа е скоро невозможно некој верник да не го забележи папата меѓу оние кои стиснале „допаѓање“ на провокативната фотографија на Бразилката. „Лајкот“ наскоро е тргнат. Дел од следачите велат дека папата паднал во „стапицата на гревот“... Повеќе побожни следбеници на Твитер му понудија и дигитални „мисли и молитви“ на поглаварот, за  да се избави од силното искушение. Некои пак, од своја страна, повикаа на смиреност, претпоставувајќи дека папата Франциско не управува лично со профилите на социјалните мрежи. си/ссм/

Остани поврзан