• петок, 03 мај 2024

Папата повика на мир на Блискиот Исток

Папата повика на мир на Блискиот Исток

Ватикан, 14 мај 2023 (МИА) – Папата Франциск денеска упати апел за мир на Блискиот Исток, молејќи се да се задржи прекинот на огнот меѓу Израел и милитантите во Појасот Газа.

Тој испрати и порака по повод Денот на мајката, кој се слави во многу земји, а своите мисли и ги посвети на „уништената Украина“, пренесува Ватикан Њуз.

Говорејќи од прозорецот на неговата работна соба во Апостолската палата по молитвата Небесна кралица (Регина Каели) со верниците и аџиите собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата изрази жалење за страдањата во вооружените конфликти меѓу Израелците и Палестинците, во кои животот го загубија невини луѓе, меѓу кои и жени и деца.

- Се надевам дека штотуку постигнатото примирје ќе стане стабилно, дека пушките ќе замолчат, бидејќи безбедноста и стабилноста никогаш нема да се постигнат со оружје, туку напротив, ќе продолжи да се уништува секоја надеж за мир“, рече папата.

По повод Денот на мајката, Папата истакна дека „денес се сеќаваме на сите мајки, кои се уште меѓу нас и на оние кои заминаа во рајот“, а во молитвата пред насобраните верници повика на ублажување на маките на оние кои загинаа во Украина, како и за сите народи погодени од војни и насилство. јт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан