• четврток, 11 јули 2024

Панел – дискусија: Медиумите и институциите постапуваат селективно по прашањата за родовата еднаквост

Панел – дискусија: Медиумите и институциите постапуваат селективно по прашањата за родовата еднаквост

Скопје, 29 јуни 2023 (МИА) – Медиумите не истражуваат доволно и не известуваат подеднакво, а институциите се селективни, ова го оцени мониторингот на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) кој беше спроведен изминатите две години во рамки на панел - дискусијата насловена „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“.

На дискусијата која се одржа денеска во Скопје присуствуваа претставници од невладини организации.

Драгана Дрндаревска од коалиција „Маргини“ посочи дека во медиумите нема доволно знаење за тоа кое е антиродовото движење, кои се причинителите за моменталните состојби, како и дека не се истражува доволно за финансиските текови на движењата.

-Медиумскиот лендсkejp е разнолик, не можам да зборувам за едни медиуми, но видoвме во изминатиот период дека пораките на МПЦ, на антиродовите движења од најголем дел на медиумите се пренесуваат баш така како што се кажани без да се вклучат критични гласови во тоа, без да се поставата соодветните прашања на овие организации, а тоа се случува бидејќи мислам дека меdиумите немаат доволно знаење, немаат интерес, а има и медиуми кои многу јасно се сојузници во оваа борба значи многу јасно ги помовираат овие ставови, посочи Дрндаревска.

Таа оцени дека сега иако повеќе се зборува за родовата еднаквост и иако видливоста е присутна, тоа, како што вели, не е доволно.

-Олку лоша никогаш не била ситуацијата во јавноста. Имаме ситуација каде за разлка од минатото повторно сме жртви, но прикажани како зло како оние кои имаат намера да го срушат семејството да промовираат педофилија и тн. Притоа не сме ни одалеку моќни и видливи, можеби ни е зголемена видливоста, но не сме толку моќни како што се прикажува. Напротив имаме институции кои се уште не се доволно сензитивни за нашата кауза, големи напредоци се направени, но далеку од тоа дека денес има политичка волја за промена на законите, посочи Дрндаревска.

Додаде дека како пример за немањето на политичка волја е тоа што Законот за матична книга бил тргнат, а сега бил вртатен само со поддршка на пет пратеници кои како што оцени таа не се доволни.

Кире Василев од Центарот за делиберативна демократија рече дека борбата е комплексна, бидејќи како што појасни во јавноста има погрешна перцепција. 

-Оваа позиција за прашањата за родовиот идентите е повеќеслојна и го врзува родот со националното и со политичката идеологија и затоа има голема манипулативна моќ и зањтоа навидум е тршко е да се одреди кога е дискриминција, говор на омраза, слобода на говор, посочи Василев.

Давид Тасевски од Скопски Квир центар смета дека многу е важно да има одговорност и да не се отстапува од науката и почитувањето на човековите права.

-Едноставно е, но како да не сакаме да прифатиме дека е едноставно, туку се покажува дека институциите немаат капацитет да постапуваат во однос на говорот на омраза, селективни се, дури и кога станува збор за брутални закани по живот каде се опишува дека личноста ќе биде убиена, па тука имаме и голем број на луѓе кои го охрабруваат таквото дело, посочи Тасевски.

Оцени дека институциите не се трудат да проценат дали има ризик и релани закани.

Извештајот од мониторингот на ИМА се очекува да биде јавно достапен во наредниот перод.свс/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан