• петок, 22 ноември 2024

Панел за предлог измените на Законот за игри на среќа: Предлогот на Владата не ги заштитува граѓаните но може да се смета како прв чекор кон тоа

Панел за предлог измените на Законот за игри на среќа: Предлогот на Владата не ги заштитува граѓаните но може да се смета како прв чекор кон тоа

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - Институтот за демократија и економска анализа (ИДЕА) денеска одржа панел дискусија на тема „Предлог-измени на Законот за игри на среќа: Решение или Маскирање?“, каде што панелистите дискутираа за ефикасноста на предлог законот и опасностите на казината, обложувалниците и другите видови на игри на среќа, заедно со компаниите за брзи кредити, кон граѓаните. Претседателот на Движењето против коцкање, Џемал Абдиу, истакна дека предлогот на Владата за оддалечување на игрите на среќа за 500 метри од основните и средните училишта не го исполнува барањето на Движењето против коцкање, не ги заштитува граѓаните и нивните семејства, меѓутоа ние тоа го сметаме како еден прв чекор кон заштитата на граѓаните во вој аспект.

Абдиу нагласи дека барањето на ова движење останува непроменето уште од 2016 година, дислокација на сите игри на среќа 3 километри далеку од населените места.

-Од моментот кога се случи убиството на двајца млади во Визбегово ние сменивме мислење и оттогаш целосно затворање се до носење на еден прифатлив закон кој ќе ја заштити благосостојбата на граѓаните, посочи Абдију.

Додаде дека предлогот на Владата за оддалечување на игрите на среќа за 500 метри од основните и средните училишта не го исполнува барањето на Движењето против коцкање, не ги заштитува граѓаните и нивните семејства, меѓутоа ние тоа го сметаме како еден прв чекор кон заштитата на граѓаните во вој аспект.

Пратеникот на Алијанса за Албанците (АА), Халил Снопче, кој истакна дека откако неговата партија даде предлог за измени на овој Закон, не доби поддршка ниту од владините партии, но ниту пак од опозициското ВМРО-ДПМНЕ, но исто така спомна дека ниту медиумите не дале доволно поддршка околу ова прашање.

-Од моментот кога влезе на дневен ред овој предлог во Комисијата, на 20 април 2020 година, веќе 21 месец ниту еднаш не е отворено ова прашање, рече Снопче.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој правеше компарации со поголемите европски земји и градови истакна дека во Општина Чаир со население од 62 илјади граѓани има пет казина и околу 25 обложувалници, додека во милионски град како што е Виена има само едно казино.

Професорот Али Пајазити, кој објаснувајќи ја историската страна на игрите на среќа рече дека овие игри датираат уште од самите почетоци на човечкото постоење, но исто така ги објасни големите штетни влијанија кои ги носат во општеството во целина, но и индивидуално кон граѓаните и нивните семејства.

Додека претседателот на ИДЕА, Илир Османи, ги покажа анализите од истражувањето на Институтот во врска со игрите на среќа и истакна дека според податоците добиени од страна на Министерството за финансии, заедно со државната Лотарија, постојат преку 1400 објекти кои организираат игри на среќа.

На 135 седница во Собранието денеска ќе има второ читање на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на срежа и за забавните игри по скратена постапка, со кој се предвидува преместување на сите објекти кои организираат игри на среќа на 500 метри од основните и средните училишта. сх/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан