Панел дискусија за дискриминација на жените во бел мантил
- Панел дискусија на тема „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата - жени во белиот мантил“ ќе се одржи денеска во Скопје, како дел од кампањата „Гласна и храбра“ што се реализира во текот на март.
Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Панел дискусија на тема „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата - жени во белиот мантил“ ќе се одржи денеска во Скопје, како дел од кампањата „Гласна и храбра“ што се реализира во текот на март.
Оваа дискусија, во организација на Министерството за труд и социјална политика, има за цел подигнување на свеста за дискриминацијата на жените во белиот мантил како предуслов за родова еднаквост во општеството.
Воведно обраќање на настанот ќе има проф. д-р Ана Данева Маркова, советник за здравство на претседателот на Владата, а ќе говорат и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Александра Ѓорѓиева, специјализант по кардиологија и претседател на Здружение на лекари специјализанти и Маргита Трифуновска, медицинска сестра од Клиниката за гинекологија. вј/сп/
Фото: МИА архива