• сабота, 23 ноември 2024

Панел-дискусија „Ранливите работници по корона тобоган“

Панел-дискусија „Ранливите работници по корона тобоган“
Скопје, 10 јуни 2021 (МИА) - Во организација на Институтот за економски истражувања Фајнанс Тинк денеска ќе се одржи панел дискусија „Ранливите работници по корона тобоган”. На настанот ќе бидат презентирани наодите од студијата за „Ефектот од Ковид-19 врз несигурните работници во Северна Македонија: Следење на нископлатените работници, неплатените семејни работници, платените домашни работници, работниците со нетипични договори за работа и неформалните работници“ од страна на Деспина Тумановска од „Фајнанс Тинк“. Организаторите на дискусијата најавуваат обраќања на Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачите на Македонија, Даниела Зампини, специјалист за вработување во Меѓународната организација на трудот и Фани Каранфилова Пановска, извршна директорка на ФООМ.фф/лв/  

Остани поврзан