• петок, 05 декември 2025

Панел-дискусија „Искуства и добри практики како основа за развој на нови хуманитарни стратегии“

Панел-дискусија „Искуства и добри практики како основа за развој на нови хуманитарни стратегии“

Скопје, 2 декември 2025 (МИА) - На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска предвидено е да се реализираат панел-дискусија и свечена церемонија за доделување на јубилејната плакета на Црвениот крст на Република Северна Македонија за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што информираат организаторите на настанот, темата на панел-дискусијата е „Искуства и добри практики како основа за развој на нови хуманитарни стратегии“.

Од Црвениот крст пак информираа дека пред почетокот на панел-дискусијата, обраќање ќе имаат Беким Фетаји, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“, како и Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

- Настанот ќе се реализира во „Аудиториум 107“, со почеток во 11:30 часот и претставува дел од заедничките активности за унапредување на хуманитарното делување, јакнење на партнерствата и размена на добри практики меѓу академската заедница и хуманитарните организации, нагласуваат од Црвениот крст.

Додаваат дека доделувањето на јубилејната плакета, претставува значајно признание за досегашната успешна соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ и за неговиот континуиран придонес во промоцијата на хуманитарните вредности, солидарноста и волонтеризмот. бд/лв/

Фото: Соопштение/www.unt.edu.mk

Остани поврзан