• среда, 20 ноември 2024

Панел-дискусија „Зелена енергетска транзиција и поздрава животна средина за европска иднина“

Панел-дискусија „Зелена енергетска транзиција и поздрава животна средина за европска иднина“

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) – Панел-дискусија на тема ,,Зелена енергетска транзиција и поздрава животна средина за европска иднина“, во рамки на владината кампања „Европска иднина, поблиску од кога било“ насочена кон придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во Европската Унија за граѓаните на Северна Македонија, организира денеска во Скопје Владата во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Воведно обраќање на настанот, како што е најавено, ќе има министерката за животна средина и просторнопланирање, Каја Шукова, а ќе учествуваат и министерот за економија Крешник Бектеши, еекспертот од МАНУ во областа на енергетиката и животната средина Александар Дединец и раководителката на програма за клима во Еко свест и еко-активистка Елена Николовска.

Преку панел-дискусијата, како што информираат организаторите, ќе се информира македонската јавност за потребата од засилена енергетска транзиција и изградба на цврст и одржлив систем на енергија од обновливи извори – сонце, вода и ветер и ќе се анализираат и дебатираат придобивките за граѓаните од ЕУ интеграцијата на земјата во однос на животната средина и ефектите врз енергетската транзиција низ која поминува Северна Македонија. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан