• недела, 30 јуни 2024

Пандев го постигна петтиот гол оваа сезона, но неговата Џенова повторно загуби

Пандев го постигна петтиот гол оваа сезона, но неговата Џенова повторно загуби
Џенова, 19 јануари 2020 (МИА) – Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, потврди дека се наоѓа во извонредна форма. Тој вечерва го постигна единствениот гол за Џенова во поразот од Рома. За Пандев ова беше петти гол сезонава и е еден од најефикасните играчи на Џенова на која и претстои тешка борба за опстанок во Серија А. Освен на Рома, Пандев гол им даде и на Сасуоло, Лече, Удинезе и Бреша. зс/

Остани поврзан