• сабота, 16 ноември 2024

Палмер: Убеден сум дека ќе се постигне решение помеѓу Софија и Скопје

Палмер: Убеден сум дека ќе се постигне решение помеѓу Софија и Скопје
Скопје, 3 јули 2021 (МИА) - Убеден сум дека ќе се постигне решение помеѓу Софија и Скопје во врска со прашањата кои го блокираат напредокот на Северна Македонија кон членство во ЕУ, изјави американскиот заменик помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер. -Сѐ зависи од засегнатите страни. Ние сакаме да ги охрабриме да ги препознаат компромисите кои се неопходни за напредок и да разберат дека тоа е во нивен најдобар интерес. Убеден сум дека ќе се постигне решение помеѓу Софија и Скопје во врска со прашањата кои го блокираат напредокот на Северна Македонија кон членство во ЕУ. Убеден сум дека може да се решат тие прашања. ЕУ мора да изнајде начин да ја покаже својата посветеност кон оваа земја, да и го отвори патот и да ја отпочне меѓувладината конференција. Тоа е обврска на ЕУ и мора да ја исполни, посочи Палмер во интервју за ТВ21. Палмер учествуваше на првата Меѓународна конференција на „Преспа форумот за дијалог“ што вчера и завчера се одржа во Охрид во организација на МНР под покровителство на Владата. вг/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан