Палестинците го повикаа Генералното собрание на ООН да поддржи создавање на палестинска држава
- Резолуцијата има цел да го зголеми притисокот врз Израел преку Генералното собрание на ООН да се повлече од окупираните територии. Гласањето за предлогот се очекува во текот на денешниот ден.
Њујорк, 18 септември 2024 (МИА) - Палестинците го повикаа Генералното собрание на ООН да гласа за резолуција која повикува на повлекување на Израел од окупираните територии во рок од 12 месеци, јави ДПА.
Овој предлог предизвика гнев од страна на Израел, кој го нарече „маскарада“.
„Ве молам, застанете на вистинската страна на историјата, на страната на меѓународното право, на слободата, на мирот. Алтернативата е она што го гледате секој ден на телевизиските екрани, и тоа што палестинскиот народ го трпи на својот грб“, изјави палестинскиот претставник во ООН, Ријад Мансур, во Њујорк.
Резолуцијата има цел да го зголеми притисокот врз Израел преку Генералното собрание на ООН да се повлече од окупираните територии. Гласањето за предлогот се очекува во текот на денешниот ден.
Израелскиот амбасадор Дани Данон ја нарече иницијативата „маскарада“. Тој го критикуваше фактот што меѓународната заедница не го осуди теророт од страна на „Хамас“ по нападот на 7 октомври минатата година.
- Како се осмелувате да продолжите со еднострани резолуции против Израел, без да размислите за страдањето на израелскиот народ? рече Данон. ссм/
фото: архива