Палестинското Министерство за здравство тврди дека во израелските напади загинале 1.005 Палестинци
- Израелските сили во Појасот Газа убија 1.005 Палестинци од октомври 2025 година кога беше постигнато примирје помеѓу Израел и Хамас, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа
Газа, 17 јуни 2026 (МИА) – Израелските сили во Појасот Газа убија 1.005 Палестинци од октомври 2025 година кога беше постигнато примирје помеѓу Израел и Хамас, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа.
Израелските напади врз палестинската енклава речиси се секојдневни, а изминатите денови израелски сили со дронови ги нападнаа населбите и бегалските кампови во централниот дел на Газа, како и во градот Газа.
Двајца Палестинци беа убиени, а шестмина се повредени во денешниот израелски напад врз Хан Јунис, во јужниот дел на Газа.
Според податоците од Министерството за здравство во Појасот Газа, во војната меѓу Израел и Хамас, што почна во октомври 2023 година, загинале повеќе од 73.000 луѓе. ми/
фото: ДПА