• вторник, 03 декември 2024

Палестинските власти и Хамас се договорија за заеднички комитет за управување со Газа

Палестинските власти и Хамас се договорија за заеднички комитет за управување со Газа

Газа, 3 декември 2024 (МИА) - Палестинските власти и Хамас потпишаа документ во кој се договорија да формираат заеднички комитет за управување со повоениот Појас Газа, се наведува во извештајот објавен од порталот Ал-Араби Ал-Џадед.

Според извештајот, документот кој е потпишан предвидува формирање комитет со 10 до 15 водечки палестински личности.

Договорот дојде еден ден откако египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати објави дека ривалските палестински групи, Фатах и ​​Хамас, започнале разговори во Каиро за да ја стават Газа под целосна контрола на палестинската управа во која доминира Фатах, пишува Тајмс оф Израел. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан