• петок, 05 декември 2025

Паднато дрво во Соколански парк поради силен ветер, оштетена клупа

Паднато дрво во Соколански парк поради силен ветер,  оштетена клупа

Куманово, 9 јули 2025 (МИА) - Поради силниот ветер, падна дрво во Соколанскиот парк во Куманово, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“.Оштетена е клупа во паркот.

- За среќа, нема повредени, но настаната е материјална штета и постои потенцијална опасност од дополнителни паднати гранки и дрвја. Ги замолуваме граѓаните да избегнуваат движење низ парковите и зелените површини додека трае ова нестабилно време со засилен ветер, изјави директорот на ЈП, Ненад Стојановски.

Надлежните служби на теренот го расчистуваат просторот. ам/дма/


Фото: „Чистота и Зеленило“

Остани поврзан