• четврток, 19 декември 2024

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Скопје, 7 јуни 2023

 

По повеќе од две години блокада, денес во Парламентот ќе започне расправа по Предлог -измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, при што останува пропорционален модел, без изборен праг и решение за самостоен настап на помалите етнички заедници.

Со измените се создаваат еднакви шанси за полититички натпревар на партиите и независни кандидати за пратеници, се обезбедува иста тежина на секој глас и основи за демократизација на изборните правила и на државата во целина.

Составот на парламентот ќе биде одраз на волјата на граѓаните, повеќе партии и поединци ќе влијаат во носењето на круцијални одлуки, водејќи сметка за стратешките и национални прашања.

Ги повикувам сите предлагачи и пратеници да се вклучат во расправата и преку сериозна и аргументирана дискусија да се одлучува.

Демократски сојуз

Фото: Демократски сојуз

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан