• петок, 05 декември 2025

Павар може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија

Павар може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија

Милано, 16 август 2025 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Интер, Бенџамин Павар доби понуда од НЕОМ за започнување преговори, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.

Според Романо, саудискиот клуб ќе започне преговори со Интер доколку 29-годишниот Французин се согласи да се пресели во Саудиска Арабија.

Тековниот договор на Павар со Интер е со важност до 2028 година. 

Трансфермаркт ја проценува трансферната вредност на играчот на 25 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Павар постигна еден гол и имаше една асистенција на 38 натпревари. Неговиот договор е до 30 јуни 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан