• недела, 22 декември 2024

ОЈО отвори истрага за две лица по вчерашната акција во село Крушопек

ОЈО отвори истрага за две лица по вчерашната акција во село Крушопек
Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) - Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по  член 215 од Кривичниот законик, откако заврши распитот на лицата што вчера вечер беа лишени од слобода во акцијата во село Крушопек, Општина Сарај. Врз основа на прибраните докази и изјавите на лицата кои беа лишени од слобода, надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје вечерва достави Предлог за определување на мерка притвор за сопственикот на фирмата увозник на овошјето, додека за второ осомниченото лице предложи мерки за обезбедување присуство, информираат од ОЈО. Останатите две лица се ослободени, а осомничените вечерва ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка. По Наредба на јавниот обвинител товарното возило во кое е откриена наркотичната дрога и целата пратка со овошје се запленети и предадени во Агенцијата за одземен имот. аа/

Остани поврзан