• петок, 22 ноември 2024

Оштетените цевки за довод на медицински гас во Заводот за нефрологија во Струга ќе бидат наскоро санирани

Оштетените цевки за довод на медицински гас во Заводот за нефрологија во Струга ќе бидат наскоро санирани
Струга, 19 март 2022 (МИА) – За брзо време ќе бидат санирани оштетените бакарни цевки на централниот довод на медицински гас до операциската сала во Специјалната болница за нефрологија во Струга, изјави за МИА директорот Александар Попоски, според кого, ова е второ оштетување на цевките за довод на медицински гас во болницата. МВР денеска информираше дека Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија - Струга, пријавил оти непознат сторител насилно дејствувал на цевките на централниот довод. - На 17 март во временски период од 17 часот до моментот на пријавување, односно вчера до 10.05 часот,  непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата и потоа го напуштил местото на настанот, стои во МВР билтенот. Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. сс/хс/

Остани поврзан