• петок, 22 ноември 2024

Оценки: Најдобрите и најлошите чоколадни кремови

Оценки: Најдобрите и најлошите чоколадни кремови

Загреб, 16 септември 2022 (МИА) - Тим дегустатори од Хрватска одлучија да ги пробаат најпознатите чоколадни кремови од ова поднебје и да ги оценат, секој одделно.

„Жирито“ беше составено од четири члена: Ивана Рамиќ, Ана Корениќ, Мартина Медур и Звонимир Алач. Критички се пристапи кон процесот на дегустација и се добија оцени според вкусот и текстурата (од 1 до 5). „Нутела“ Ана: „Малку премногу благ, интензивен сладок мирис. Неговата текстура е мазна, доста лесен за мачкање." Оценка: 3. Ивана: „Не е премногу сладок, се чувствува нугата - познат вкус. Текстурата му е мазна, густа“. Оценка: 4+. Мартина: „На прв залак, слатко, премногу благо. Текстурата му е густа, тешка“. Оценка: 3,5. Звонимир: „Преблаго, тешка, мрсна. Со густа текстура“. Оценка: 2. „Стила долче какао-крем“ Ана: „Неговиот вкус е евтин, сладок. Текстурата е густа и зашеќерена". Оценка: 1. Ивана: „Преблаг, вештачки, евтин. Текстурата е мазна, лесно се мачка". Оценка: 2. Мартина: „Лош вкус, не може да се јаде. Не е убав. Текстурата му е мазна, не е тешка и мрсна“. Оценка: 2. Звонимир: „Мирисот е вештачки и премногу е благ. Неговата текстура е мазна, мрсна и кремаста." Оценка: 1. „Милка намаз со лешник и какао“ Ана: „Многу е блага, не може да вкусите ништо освен шеќер, само малку какао на крајот. Текстурата е мазна, премногу течна. Ќе се лизне во топла палачинка." Оценка: 2. Ивана: „Преблаго и остава чуден послaдок вкус. Текстурата му е премногу тенка“. Оценка: 2. Мартина: „На почетокот слатка, подоцна горчлива. Има малку вештачки вкус. Текстурата е мазна, потенка од другите“. Оценка: 3. Звонимир: „Премногу сладок, но горчлив вкус. Неговата текстура е течна, леплива." Оценка: 2 „Лино лада нугат“ Ана: „Вкусот му е подобар од претходниот крем. Има повеќе какао. Но, јас не би го купила. Текстурата му е мазна, и прилично густа“. Оценка: 2. Ивана: „Вкусот 'удира' на шеќер. Вештачки е, има и вкус на маргарин. Текстурата му е мазна и мрсна". Оценка: 2. Мартина: „Не е премногу сладок, можете да вкусите какао, но има горчлив вкус. Текстурата му е густа, премногу тешка, потежок од првиот крем што го пробавме“. Оценка: 2. Звонимир: „Има карактер, има вкус на какао, но 'послевкусот' е лош и горчлив. Текстурата му е 'гумена'.“ Оценка: 2. „Нугафино Дуо“ (само чоколадниот дел) Ана: „Ужасно евтин вкус - зашеќерен. Текстурата му е густа, ронлива, како густа шеќерна паста“. Оценка: 1. Ивана: „Катастрофа е. Нема мирис, а вкусот воопшто не е чоколаден. Текстурата му е мрсна, течна“. Оценка: 1. Мартина: „Нема вкус на чоколадо, не ми се допаѓа и има страшно ужасен вкус. Текстурата му е мазна, не премногу густа" Оценка: 1. Звонимир: „Нема мирис, вкусот е многу чуден, ужасен. Текстурата е мрсна“. Оценка: 1. „ДмБио намаз од какао“ Ана: „Горчливо. за мене е добро, но на децата не би им се допаднало. Неговата текстура е густа и прилично леплива“. Оценка: 4. Ивана: „Горчливо, но на добар начин. Вкусот е полн со темно чоколадо. Текстурата е леплива, не премногу мрсна“. Оценка: 4. Мартина: „Вкусот воопшто не е лош. Ми фали малку сладост бидејќи е горчлив. Текстурата е леплива и густа“. Оценка: 3,5. Звонимир: „Горчлив, но освежувачки во споредба со другите што ги пробавме досега. Неговата текстура е густа и леплива“. Оценка: 3. Еурокрем Ана: „Ужасен, евтин вкус. Премногу шеќер. Текстурата е ронлива и премногу густ." Оценка: 1. Ивана: „Преблаг, речиси како да јадеш стопен шеќер. Тешко се мачка". Оценка: 1. Мартина: „Вештачки вкус. Не се чувствува какаото, лебот го подобрува вкусот. Текстурата му е премногу густа“. Оценка: 1. Звонимир: „Вкусот е толку лош што се радувам на деловите со повеќе леб. Текстурата е тешка“. Оценка: 1. „Дуо Лино лада“ (тестиран е само чоколадниот дел) Ана: „Сосем слатка, но ми треба повеќе какао. Мирисот е интензивен. Текстурата е мазна, средно густа." Оценка: 3. Ивана: „Се чувствува вкусот на нугата, не е премногу сладок. Пријатен мирис. Мазен е и подмачкува". Оценка: 4+. Мартина: „Не е премногу благо. Вкусно е, а текстурата му е мазна“. Оценка: 5. Звонимир: „Вкусно, но премногу благо. Има лут вкус, мириса. Текстурата му е мазна“. Оценка: 3. Според просечната проценка, ова највисоко оценет чоколаден крем.  си/паг/

Остани поврзан