• понеделник, 23 декември 2024

Охридско Езеро и Студенчишко Блато номинирани како трето и најголемо Рамсар место во државата

Охридско Езеро и Студенчишко Блато номинирани како трето и најголемо Рамсар место во државата

Скопје, 7 мај (2021) - Со впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светска Рамсар листа, нашата држава, по Преспанското и Дојранското Езеро го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Заведено под број 2449, подрачјето е прифатено согласно сите 9 критериуми на Рамсарска Конвенција и е со вкупна површина од 25.205 хектари. Со него ќе се управува од страна на трите општини: Охрид, Струга и Дебарца.

Дополнуваат дека впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато на Светска Рамсарската листа значи меѓународно признавање и препознавање на специфичниот и богатиот биодиверзитет и ендемичните и ретки видови како и присуство на голем број на живеалишта и видови од национално и ЕУ значење на ова подрачје. Од друга страна, како што велат, тоа води кон негово помудро и поодговорно управувањеподобрување на еколошкиот карактер на подрачјето и заштита на видовите и живеалиштата, поттикнување на научно истражувачки дејности и меѓународна соработка, што, според нив, ќе го зголеми публицитетот и вреднувањето на подрачјето, ќе ја зголеми понудата за еко туризмот во регионот,  а со тоа ќе се отвораат и поголеми можности за социо-економски развој и за финансирање. 

Нашата држава ја ратификуваше Рамсарската Конвенција за водни или блатни живеалишта од меѓународна важност во 1991 година. ар/скс/

Остани поврзан