Охридската библиотека од понеделник ќе работи со летно работно време
- Охридската библиотека „Григор Прличев“ од понеделник ќе работи во една смена, од 8 часот и 30 минути до 16 часот и 30 минути.
Охрид, 5 јуни 2025 (МИА) - Охридската библиотека „Григор Прличев“ од понеделник ќе работи во една смена, од 8 часот и 30 минути до 16 часот и 30 минути.
Според соопштението на библиотеката, од 8 часот и 30 минути до 16 часот ќе работат со читатели, кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.
- Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање и читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работат од 9 до 14 часот. Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели, стои во информацијата.
В среда на 11 јуни, библиотеката „Григор Прличев“ е домаќин на Регионална средба и работилница на библиотекари на тема: „Цветна библиотека – хортикултурна библиотека“, на која ќе учествуваат сите вработени во библиотеката. Пултот за зајмување книги в среда ќе биде отворен од 8 и 30 до 10 и 30 часот. сс/мд/
Фото: МИА