• петок, 22 ноември 2024

Охридската Библиотека од понеделник со летно работно време

Охридската Библиотека од понеделник со летно работно време

Охрид, 8 јуни 2023 (МИА) - Охридската библиотека „Григор Прличев“ од понеделник ќе работи во една смена, односно од 8 часот и 30 минути, до 16 часот и 30 минути.

Летното работно време, како што соопшти Библиотеката, ќе трае до 4 септември.

- Одделот за зајмување книги од понеделник до петок ќе биде отворен во терминот од 08:30 до 16 часот. Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите, стои во информацијата.

Читалната во одделот за издавање, како што е наведено, ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 часот и 30 минути до 14 часот, а читалната за дневен печат и периодика во „Прличевата одаја“ со читатели ќе работи од 9 до 15 часот. Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.

Библиотеката информира дека во текот на летото во одделението за издавање книги ќе можат да се зачленат и лица, кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид.

Годишната членарина останува иста, за возрасни е 300, а за деца 200 денари. сс/сст/

Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан