• вторник, 24 декември 2024

ОФК „Малеш“ Берово со парична поддршка од општината, цели кон влез во Втората фудбалска лига

ОФК „Малеш“ Берово со парична поддршка од општината, цели кон влез во Втората фудбалска лига
Берово, 11 февруари 2021 (МИА) - Со шестотини илјади денари од буџетот, Општина Берово ќе го помага фудбалот во Берово. Средствата се предвидени согласно програмата за спорт за 2021 година и како што информираше беровскиот градоначалник Звонко Пекевски ќе бидат наменети за поддршка на Општинскиот фудбалски клуб „Малеш“, чија главна цел е искачување во повисок ранг на натпреварување.
- Средствата наменети за ОФК „Малеш“ остануваат во рамки на проектираните програми. За довршување на сезоната во Третата фудбалска лига Исток, каде се натпреварува екипата, се предвидени 600 илјади денари, а во вкупната програма за спорт, тие средства изнесуваат милион денари. Значи доколку фудбалерите успеат да влезат во повисок ранг на натпреварување, ќе добијат повеќе средства преку ребаланс на буџетот и ќе бидат изедначени со програмските средства внесени во самата програма за спорт за 2021 година, рече Пекевски.
Освен за спорт, оваа година како што додаде Пекевски се предвидени и средства за настани од културата.
- Тие средства се предвидени за одржување на Етно фестивалот. Да се надеваме дека оваа пандемија ќе заврши, за да можеме реално и во сферата на културата, годинава да организираме настани, со тоа што ќе ја презентираме општината и во домашни рамки, но и на меѓународна сцена, додаде Пекевски.
Етно плоштад фестивалот која е една од најреномираните манифестации во Малешевијата и пошироко, минатата година не се одржа поради пандемијата со Ковид-19. вс/зс/

Остани поврзан